(ВИДЕО) Даде сè од себе, но паѓаше на мразот, Валиева заврши на 4. место

Руската натпреварувачка во уметничко лизгање, 15 годишната Камила Валиева, не успеа да освои злато во поединечна конкуренција на ЗОИ во Пекинг. Таа направи неколку грешки, паѓаше на мразот и не освои медал.

Валиева блесна на мразот со првиот нејзин настап на ЗОИ, по што се најде во центарот на скандал за допинг. Нејзе ѝ беше дозволено да продолжи да се натпреварува, но за жал Валиева не го издржа притисокот.

Златото и среброто сепак ѝ припаднаа на Русија, првото место го освои Ана Шербакова, а второто Александра Трусова која денеска го имаше најдобриот настап.

Бронзата ѝ припадна на Јапонката Каори Сакамото, а Валиева заврши на 4. место.

https://www.youtube.com/watch?v=qIcuzsVKoXY
]]>

Најчитани вести