(ВИДЕО) Драгиќ во солзи го прими дресот, подарок од мајката на Дражен

Капитенот на Словенија се збогува од репрезентативниот дрес, после златото на Евробакетот. Најдобариот играч, после враќањето дома, во интервју за еден словенечки портал, не можеше да ги запре солзите кога го виде дресот на Дражен Петровиќ.

– И благодарам на Бисерка (мајката на Дражен), ми беше чест да го носам дресот со број три и да ја наравам легендата на светската кошарка горда. Да почива во мир – кажа видно возбудениот Горан Драгиќ – ова ми е еден од најубавите подароци кои ги имам добиено. Дражен беше мој идол.

Новинарите на истиот портал два дена пред тоа ја интервјуираа Бисерка Петровиќ, која замолила Драгиќ да добие дрес од Дражен.

Најчитани вести