(ВИДЕО) Фудбалерите на „Волфсбург“ работеа во супермаркет

Фудбалерите на бундеслигашот „Волфсбург“ одговорија на кампањата „Благодарност до секојдневните херои“, и работеа во супермаркет за да им помогнат на вработените во извршувањето на нивните секојдневни работи.

-Ова е многу важна иницијатива за нас. Сакаме да бидеме пример. Минуваме низ тешко време и треба да бидеме заедно, изјави Џошуа Гилавогуи.

Инаку, вработените во супермаркетите спаѓаат во групите кои се најекспонирани за време на пандемијата на коронавирусот.

-Сакаме да покажеме дека сме дел од општеството и дека можеме да придонесеме во секојдневниот живот на луѓето, истакна Максимилијан Арнолд.

https://twitter.com/VfL_Wolfsburg/status/1246048205629947906
]]>

Најчитани вести