(ВИДЕО) Георгина го изненади Роналдо со подарок вреден 180.000 евра

Роденденот на Георгина, вереницата на Роналдо, семејството на еден од најпознатите светски фудбалери, го прослави во Дубаи. Пред само десетина дена името на Георгина се појави на највисоката зграда во светот, Бурџ Калифа, како изненадување за нејзиниот роденден.

Фудбалерот во саботата го прослави својот 37. роденден, а Георгина, му подари автомобил вреден 180.000 евра, со осум седишта, бидејќи наскоро ги очекуваат и новите членови во семејството.

Таа сподели видео, како Роналдо ја отвора вратата за да го види подарокот, луксузниот кадилак, а трите деца веднаш започнаа со нивната омилена активост, го „тестираа“ нивниот простор од автомобилот.

„Среќни 37 години љубов на мојот живот. Те сакаме до бескрај. Ти си најдобриот татко и најдобриот придружник во животот. Борец и достоен за сето добро што ти се случува. Ти си совршенство и наша инспирација“, напиша Георгина со видеото.

Фудбалерот на „Манчестер Јунајтед“ очекува близнаци со Георгина, а парот наскоро ќе се венча.

]]>

Најчитани вести