(ВИДЕО и ФОТО) Тврди дека е син на Мајкл Џексон, а има и доказ

TMZ објави дека според резултатите на ДНК анализата речиси 99 отсто е сигурно дека Брендон Хауард е син на Мајкл Џексон. Иако се уште не се знае во која лабораторија е направена ДНК анализата, светските медиуми тврдат дека примероците наводно се совпаѓаат. Анализата е спроведена со помош на забната протеза на Мајкл, која е купена на аукција.

majkl5

Џексон, мајката на Брендон, Мики, госпел пејачка, ја запознал во 1982 година. Таа тогаш била позната под името Били. Една година после нивната средба, починатиот крал на попот ја објави песната „Billie Jean“.

Текстот на песната зборува: „Били Џин не е моја љубовница. Таа е само девојка која тврди дека јас сум вистинскиот. Но малиот не е мој син“.

majkl8 majkl2

Ако се верува на овие стихови Мајкл знаел за Брендон, но не сакал да го признае.

majkl1

Мики дури го запознала и таткото на Мајкл, Џозеф Џексон. Наводниот син на пејачот сега започнува со својата музичка кариера.

Адвокатот на Мајкл Џексон, Хауард Вајџман изјави дека никогаш не слушнал за Брендон. „Рокот за докажување дека е син на Мајкл, одамна помина, рече тој.

]]>

Најнови вести

Најново од Магазин, Топ Вести

Најчитани вести