(ВИДЕО) Илиевски: Над 20% од територијата на Македонија изгоре – не е патриотизам да ги оставиш луѓето сами да се справуваат со пожари

„Додека Мицкоски се обидува да се промовира себеси за голем патриот кој го редефинира значењето на зборот патриотизам, во две години од неговата власт преку 20% од вкупната површина на шуми и пасишта се претворени во пепел. Само изминатата седмица активни се преку 100 пожари на територија на целата држава. Втора недела се активни пожарите во општина Василево, општина Радовиш и општина Берово. Планината Готен речиси е целосно опустошена. Пожари има и во Прилеп, Македонски Брод, Штип, Зелениково, Желино, Струмица, Шуто Оризари и Карбинци, Куманово, Липково, Гостивар, Нагоричане, Росоман. Во пожари гори цела Македонија“ рече денеска на прес-конференција Методија Илиевски – потпретседател на СДСМ.

Прашува „Со кое лице Мицкоски зборува за патриотизам откако ја остави државата без соодветна опрема за справување со пожари. Лани Мицкоски ветуваше целосна ревизија и модернизација на системот за противпожарна заштита. Она што го гледаме денес е целосна деградација на тој систем. Наместо нови возила, владата на ВМРО-ДПМНЕ за 7 милиони евра набави службени мобилни телефони“.

Најнови вести

Најново од Македонија

Најчитани вести