Таа објави видео на „ТикТок“ на кое се гледа моментот кога им ја открива информацијата на родителите, кои седнати ја гледаат нејзината презентација, насловена „Имам тајна“.
„Пред да започнете да се грижите, треба да знаете дека оваа тајна што ќе ви ја кажам се однесува само на мене и на мојот живот. Таа не влијае на никој друг. Мислам дека не сум должна да ви ја кажам, но ќе ви ја кажам затоа што сакам луѓето, оние кои најмногу ги сакам и најмногу им верувам да ја знаат вистината за мојот живот и да учествуваат во него. Оваа тајна значи дека сум талентирана и моќна. Оваа тајна не значи дека сум бремена или дека сум во опасност“, започна таа.
„Дали сте подготвени? Јас сум стриптизета и уживам во тоа. Сигурно се прашувате зошто. Па, јас работам во безбедна средина каде што можам да се изразам на начин што ми одговара. Како знам дека сум безбедна? Нема дрога, нема опасност, а сопствениците се грижат за своите вработени. Дали е тоа одговорот на вашите прашања за тоа како одеднаш можам да си купам скапи работи? Апсолутно да. Заработувам многу пари. Дали правам нешто друго освен танцување? Не, само танцувам. Дали работам илегално? Не, плаќам данок”, објаснува таа во видеото.
Нејзината мајка, како што ја опиша „конзервативна христијанка“, веднаш ги сподели своите впечатоци: „Ти благодарам што беше искрена. Мило ми е што уживаш во ова што го работиш”, рече мајката.
Видеото погледнете го на следниот линк:
https://www.tiktok.com/@mildwestsami/video/7002317794104691973?sender_device=pc&sender_web_id=6918403257175180806&is_from_webapp=v1&is_copy_url=0@
„Шегите со родителите се најдобри. Мајка ми ми рече дека е изненадена од тоа колку е горда“, напиша Лекси во описот на видеото.
]]>


