(ВИДЕО) “It” растура на box office со заработка од 117 милиони долари

Филмот “It”, на Warner Bors и New Line,убедливо го освои првото место на американскиот box office, откако за време на викендот заработи 117,15 милиони долари.

Филмот ја надмина очекуваната заработка на дебито од 103 милиони долари и го забележи петтиот најдобар дебитантски викенд оваа година. Исто така, сруши некои рекорди како, најмногу заработил за време на викендите во септември, потиснувајќи го филмот “Hotel Transylvania 2” во 2015 година, кој тогаш заработил 48,5 милиони долари. Исто така, рекордер е во категоријата натприродни филмови, кој рекорд од 2011 година го држеше филмот “Paranormal Activity 3” со 52,6 милиони долари.

Хоророт “It” го остави позади себе и филмот “Spider-Man: Homecoming”, кој дебитираше во јули за 117,03 милиони долари.

На второто место е филмот “Sweet Home Алабама” со 9 милиони долари, додека на третата позиција “The Hitman’s Bodyguard” со 4,9 милиони долари.

Најнови вести

Најново од Магазин, Топ Вести

Најчитани вести