Пожарот кој утрово околу 9 часот избувна во зградата на ЕВН и ЕЛЕМ на плоштадот „Македонија“ во Скопје е успешно изгаснат. На прес конференција денеска извршниот директор на ЕВН Македонија Стефан Петер на новинарско прашање околу причината за пожарот одговори дека, според очевидци, најверојатно е предизвикан од заварување при градежните работи околу новата барокна фасада на зградата.
Нема повредени, а причинета е само материјална штета.


