(ВИДЕО) Како да креирате „CommonPass“ сертификат за патување

Министерот за здравство, Венко Филипче на својот профил на Фејсбук, објави видео со начинот како да се креира „CommonPass“ сертификат за патување.

Видеото погледнете го на следниот линк.

Европската комисија денеска го усвои националниот Дигитален сертификат на Република Северна Македонија и истиот го смета за еквивалентен на Дигиталниот сертификат на ЕУ.

Северна Македонија е прва земја во регионот за која сертификатите за Ковид-19 ќе се сметаат за еквивалентни на Дигиталниот сертификат на ЕУ.

„Со ова се избегнуваат сите ограничувања во патувањата како што се дополнително тестирање или карантин. Во неопходни случаи, како што е заштитата на јавното здравје, земјите членки можат да преземат дополнителни мерки. Благодарение на оваа одлука ќе бидат укинати ограничувањата за патување за луѓето што ги примиле вакцините против Ковид-19 одобрени од ЕУ“, соопшти денеска Министерството за здравство.

]]>

Најчитани вести