Видео што го снимила полицијата во Порт Муди прикажува којот кој демне околу еден паркинг ноќе, а една мачка скитничка му скока од под паркиран автомобил и го брка дивото животно.
Којотите во последно време се вообичаена појава во Британска Колумбија, а еколошкото друштво „Stanley Park“ пријави најмалку 40 средби со нив во Ванкувер, од кои три со агресивна интеракција. Владата на Британска Колумбија објави листа на мерки за заштита во вакви ситуации, напоменувајќи дека генерално „којотите не преставуваат опасност“ за луѓето.