(ВИДЕО) Кога 80.000 луѓе пеат и плачат: Meси со солзи во очите по постигнувањето на 800 гол во кариерата

Аргентина ја победи Панама на пријателскиот натпревар со 2-0 со головите на Тиаго Алмада и Лионел Меси во нивниот прв натпревар пред домашните навивачи по освојувањето на Светското првенство во декември.

Лионел Скалони го избрал истиот стартен состав од победата во финалето на Светското првенство против Франција. Иако изгледаа доминантно уште од самиот почеток, не можеа да го пробијат одбранбениот ѕид на Панама до крајот на вториот дел.

По првиот гол на Алмадо во 79. минута, капитенот Меси конечно го постигна својот 800. гол во кариерата и го удвои водството во 89. минута со извонреден слободен удар и воодушеви повеќе од 80.000 навивачи кои го скандираа неговото име на стадионот Монументал.

Забавата започна по последниот судиски свиреж, а членовите на семејството и децата им се придружија на Меси и неговите соиграчи од Аргентина на теренот со огномет што експлодираше во позадина.

– Отсекогаш сонував за овој момент, да славам со вас – ѝ порача емотивниот Меси на публиката. – Да си дојдам во мојата земја и да го подигнам трофејот на Копа Америка, и најголемиот од сите трофеи, тој од Светското првенство. Знам дека ова е наш ден да славиме, но не сакам да се заборават и сите соиграчи кои беа тука претходно, кои исто така дадоа сè на теренот за да го постигнеме ова. Сите го заслужуваат ова признание. И аргентинските навивачи, бидејќи секогаш го даваа својот максимум за овие бои.

По Меси и Скалони со солзи во очите додаде: Вечна благодарност до овие играчи. Фудбалот им припаѓа нив и без нив немаше да го освоиме Светското првенство. Секој што го носи овој дрес дава се од себе и понекогаш резултатите не доаѓаат. Но, овој пат го добивме и тоа е неверојатно.

Најнови вести

Најново од Спорт

Најчитани вести