Вчеравечер на социјалната мрежа Фејсбук е објавено видео на кое може да се види како полициска патрола гони коњ што трча во спротивна насока на автопатот Скопје – Тетово. Коњот влече запрежна кола на која нема човек.
Животното трча во едната лента и по некое време полициските службеници со возила успеваат да го сопрат.
Инцидентот завршил без предизвикување на нечија повреда, вклучувајќи го и коњот.
Видеото погледнете го следниот линк.
]]>


