Mакедонската водителка Марјана Станојковска со години го води извлекувањето на „Лотото“ на Државната лотарија на Македонија.
Станојковска на својот „Инстаграм“ објави видео од фестивалот „Охридски Трубадури 2021“ каде заедно со Владо Калембер ја отпеја песната „Ciao Amore“.
https://www.youtube.com/watch?v=NoFr8Fordv8
Се работи за познат хит на Калембер од 1984 година отпеан заедно со Изолда Баруџија. „Ciao Amore“ премиерно беше изведен во Универзалната Сала во Скопје во рамките на тогашната Југовизија, а како победничка песна на фестивалот ја преставуваше и Југославија на „Евровизија“ во Луксембург.