На социјалните мрежи се шири вирално видео на кое се гледа како жена од Аргентина удира во бандера додека се подготвува за возачки испит.
Надзорните камери го снимиле моментот кога несреќната шеесет и тригодишна жена предизвикува инцидент со автомобилот на полигон за возење на возачи почетници.
Од видеото се гледа како таа прво се качува на тротоар, потоа забрзува, удира во столб и го превртува автомобилот.
По несреќата повикани се пожарникари да ѝ помогнат да излезе од возилото, по што е хоспитализирана.


