(ВИДЕО) Луксуз „на квадрат“: Преполни хотелите со пет ѕвезди, приватни авиони го преплавиле небото…

Во петокот во Нигерија се одржала свадбаа на деценијата, а се оженил единствениот преживеан син на претседателот Мухамед Бухари. Неговата избраничка е ќерката на еден од најистакнатите верски лидери во земјата.

За да присуствуваат на свадбената цеременија во Абуџа голем број гости пристигнале со своите приватни авиони, а речиси сите хотели со пет ѕвездички во градот и околината биле преполни.

Невестата Захра Адо Бајеро (19) и младоженецот Јусуф Бухари (27) се запознале додека студирале во Велика Британија. Таа носела традиционален фустан со розева и бела боја на свадбата, а бела венчаница на венчавката.

Би-Би-Си пишува дека свадбите помеѓу членовите на претседателските и кралските семејства е без преседан во Нигериј и тврди дека семејството на младоженецот платило 500.000 наири (1.050 евра) за невестата, традиционален дел од исламскиот брачен договор. Тоа е 10 пати повеќе од просечната цена за невестата во северна Нигерија.

Според пишувањата на локалните медиуми, секој гостин добил најнов „АЈофн“ или „Ајпод“ како подарок, а младенците наводно однапред потрошиле 116.392 евра само за подароци. И покрај раскошната венчавка, свадбата, наводно, била поскромна отколку што првично била планирана поради пандемијата на коронавирус.

Неколку дена пред венчавката, младенците ги почестиле гостите со поло турнир, а Зара имала моминска вечер со теми од филмот „Frozen “.

На венчавката присуствувале поранешниот претседател Гудлак Jонатан, првата дама на Гамбија, Фатумата Бах Бароу и поранешниот претседател на Нигерија, Мухамед Исуф.

Не сите биле воодушевени од луксузот на младенците и гостите.

Популарниот исламски свештеник, шеикот Ахмад Махмуд Гуми, за локалните медиуми изјавил дека на многу Нигеријци им недостасува храна и гладуваат, а политичарите не се грижат и трошат пари за приватни авиони.

https://www.youtube.com/watch?v=s2Z-7nGtzsw
]]>

Најчитани вести