Турција е згрозена од видео снимката на која се гледа како 29-годишна Турчинка се изживува врз својата двегодишна ќерка.
Тепањето на детето се случувало додека таткото бил на работа.
Триесет и двегодишниот сопруг, Ердем Тулумбаш од северното гратче Ѓокчебеј, се посомневал откако неколку пати забележал модринки по телото на ќерката, по што одлучил да постави скриена камера во куќата.
– Каде ми е метлата! Пак ли си ми ја зела метлата! – се слуша на снимката како мајката вика по детето кое плаче.
Таа ја тепа ќерка со раце и со перници. Таткото го пријавил случајот во полиција, по што против мајката е покрената судска постапка.
Плусинфо


