Сите сакаа да го видат Лионел Меси кога пристигна во Монтевидео, каде аргентинската репрезентација ќе игра против Уругвај во квалификациите за Светското првенство.
И додека сите останаа зад заштитната ограда, едно дете успеа да се пробие низ обезбедувањето и да дотрча до Меси, но редарите го фатија и го тргнаа на страна. Меси го виде расплаканото дете, застана и им нареди на луѓето од неговата придружба да го вратат момчето кај него. Тој го прегрна уплашеното дете и се фотографираше со него за да го утеши.

На среќата и немаше крај!


