(ВИДЕО) НАСА го изведе првиот лет на хеликоптер на Марс

Малиот самоуправувачки хеликоптер „Генијалност“ (Ingenuity) успешно се одвои од почвата на Марс. За првпат во историјата, по неколку одложувања на претходно објавените датуми, НАСА денеска успеа да го подигне хеликоптерот од тлото на Црвената планета во 9,30 часот.

НАСА претходно го одложи летот на ден пред да се случи првично закажаното полетување, поместувајќи го времето на „не порано од 14 април“.

„Генијалност“ „пристигна“ на Марс со роверот „Упорност“ во февруари. Роботското возило оттогаш испраќа фотографии, видеоснимки и звук од Марс, па дури и првиот „самослик“.

https://twitter.com/NASA/status/1384099167832735748

Извор: Позитивно.мк

]]>

Најчитани вести