Додека незините родители останале во Киев, таа со својата баба и братот Миша успеале да ја напуштат Украина и да избегаат од војната во Полска.
Малата Амелија, која го пееше хитот од „Фроузен“ во едно од засолништата во Украина, на почетокот на руската инвазија на земјата, сега ја пееше химната на својата земја пред преполн стадион во Полска.
Додека Амелија настапувала, присутните на стадионот во Лодз светеле со своите мобилни телефони, подигнати во знак на поддршка на девојчето, но и на нападнатата земја.
Концертот наречен „Together With Ukraine“ е организиран со цел собирање средства за помош на Украина, а на истиот настапиле некои од најголемите имиња од Полска и Украина.