Фотографиите и видеата направени од свадбените церемонии се важен дел за сите оние кои стапуваат во брак и секако младенците сакаат тие да бидат совршени.
Истото тоа го сакал и овој невенчан пар од Јужна Калифорнија. За да бидат посебни нивните фотографии тие избрале карпа во океанот каде што ќе требало да ја направат сесијата.
Сепак, океанот имал поинаква намера. Силен бран ги турнал во бурната вода, а голема среќа било што имало спасувачи кои веднаш им помогнале и ги извлекле невестата и младоженецот на брегот.