(ВИДЕО) Никогаш необјавени фотографии: Нејмар пресреќен пристигнал во Реал

Ѕвездата на Париз Сен Жермен, Нејмар има посебна врска со Реал Мадрид, иако никогаш не играл за него. Бразилецот секогаш бил и голема желба на претседателот на Реал, Флорентино Перез, но неостварена. nejma Првиот контакт на тогаш 13-годишното бразилско чудо се остварил пред крајот на првиот мандат на творецот на тогашниот Галактикос. Во сезоната 2005/2006, малиот Нејмар пристигнал во Мадрид со својот татко, но никогаш не се објавени фотографиите што сега можат да се видат во документарниот филм. nejmar Нејмар пресереќен се фотографирал во соблекувалната на Реал Мадрид, и бил особено воодушевен што има можност да биде на местото каде што се пресоблекуваат неговите познати сонародници Роналдо, Робињо, Сисињо и Баптиста. nejmar4 Сепак договор не бил постигнат. Газдата на неговиот матичен клуб на татко му му ветил стан, долгогодишен договор и специјален статус за Нејмар во клубот. За сиромашното семејство, тоа било подобра понуда од онаа на Реал. Новата битка за Нејмар била многу посериозена, но овој пат Перез повторно го загубил во 2013 година, кога поранешниот претседател на Барселона, Сандро Росел успеал да го земе Нејмар од Реал Мадрид со 40 милиони евра дадени „на рака“. Перез сè уште не се откажува од Нејмар, иако неговата нова опсесија е неговиот колега Мбапе.]]>

Најчитани вести