Плажата кога нема никој.
На „TikTok“ се прошири видео направено во Египет, на плажата во Александрија, а она што се виде – разочара многумина.
Имено на плажата буквално е чадор до чадор, човек до човек.

Воопшто не можете да го видите песокот на плажата поради чадорите кои се наредени еден до друг. Исто така, има многу луѓе и деца во плиткото.
@aymanismail618 #منوعات_تيك_توك #trending #tiktokindia ♬ Second Waltz – Elise MOY
„„Каде одат во тоалет?“, „Попрво ќе останам дома“, „Еј, мамо, под жолтиот чадор сме“, „А водата е претопла“, „Првпат да ми е мило што не сум таму“, „Нема пари на светот за кои би влегла во таа вода“, „Овде е навистина клаустрофобично“ – се само дел од коментарите на корисниците на социјалните мрежи.

За жал, ова е реалноста во Александрија. Фотографите со години ги снимаат гужвите на оваа плажа, а се чини дека секоја година е се полошо.
Во текот на летните месеци речиси е невозможно да се види како всушност изгледаат плажата и морето поради бројот на луѓе кои престојуваат таму.


