Возачот на Дукати, Андреа Довициозо, триумфираше на трката во Мото ГП во Австрија, но натпреварот беше засенет од инцидентот за кој, многумина би се согласиле, животот на Валентино Роси „висеше на конец“.
Популарниот „Доктор“ од тешката несреќа го делеа само секунди и само на Господ може да му се заблагодари што остана жив и здрав и имаше неверојатна среќа.
Само за стотинка да возеше побрзо, Валентино Роси сигурно ќе го загубеше животот на патеката, тврдат познавачите на „високи брзнини“. Мото ГП го објавија видеото од овој инцидент од сите агли.