(ВИДЕО) Русинка направи нешто што никој досега не го направил

На Зимските олимписки игри во Пекинг, Русија освои екипно злато во уметничко лизгање, а натпреварувањето го одбележа 15-годишната Камила Валиева.
Камила остана првата лизгачка во историјата која изведе целосен четирискок во олимписка конкуренција!

Оваа тинејџерка изведе два совршени четирискока, се обиде и со трет, но за жал падна.

За оваа фасцинантна изведба, таа беше наградена со оценка од 178,92, што е oколу шест поени помалку од нејзиниот светски рекорд.

Русија за прв пат ја освои титулата во оваа екипна дисциплина, која на олимписката програма влезе во 2014 година во Сочи.

Втора беше Јапонката Каори Сакамото (148,66), а трета Канаѓанката Маделин Шизас.

https://www.youtube.com/watch?time_continue=7&v=q47bOzfthf4&feature=emb_title
]]>

Најчитани вести