Во мистериозното видео објавено на Јутјуб каналот на Апекс ТВ, човекот кој се престави како Ноа, вели дека патувал низ времето и покажа неверојатни сцени за кои тврди дека се снимени во Лас Вегас во 2120 година, пишува „Бритиш Експрес“. Неговото видео од иднината открива летачки автомобили, лоши ефекти од глобалното затоплување, а Ноа сето тоа го покажа на својот мобилен телефон, додека неговото лице е затемнето. „Црвените облаци се дело на глобално затоплување, можете да ги видите насекаде“, вели Ноа, додавајќи: „Се сеќавам дека беше многу жешко“. „Сигурен сум дека во иднина ќе поработат на тоа“, вели тој, „охрабрувајќи ги загрижените. ]]>


