(ВИДЕО) Се урна воен авион во Италија, загина пилотот

Вчера на аеромитинг во Лацио, воениот ловец „еурофајтер тајфун“ се урна во морето.

Авионската несреќа се случи над Средоземното Море, во близина на градот Терачино, а по неа аеромитингот беше прекинат.

Авионот падна при воздушна егзибиција, по изведување вертикално вртење наречено лупинг.

Спасувачките служби веднаш интервенираа, но телото на пилот е најдено нешто повеќе од еден час по несреќата. Драматичните снимки покажуваат дека пилотот не успеал да се спаси ниту со катапултирање.

Најчитани вести