(ВИДЕО) Шехтански од ТМРО сакаше да го тепа колегата Данилоски од СДСМ во Советот на Аеродром

На седница на советот на Општина Аеродром, како дополна беше поставена точката за иницирање референдум на локално ниво против населување на мигранти, по предлог на советничката група на ВМРО-ДПМНЕ. При расправата по предлогот дојде до инцидент предизвикан од страна на советникот од ТМРО, Александар Шехтански, кој е дел од советничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата.

Додека советникот на СДСМ Марко Данилоски зборуваше од говорницата, советникот од редовите на советничката група на ВМРО-ДПМНЕ Александар Шехтански вербално и физички се обиде да се пресмета со Данилоски.

За сето време, претседателот на Советот, Камиловски, ниту го опомена, ниту го спречи, советникот Шехтански.

Најчитани вести