(ВИДЕО) Си-Ен-Ен: Велеc се подготвува за американските избори во 2020 г.

Заспаниот крајречен град во Македонија е дом на десетици веб-страници кои објавуваат лажни приказни направени за да го привлечат вниманието на Американците, се вели во сторијата на Си-ен-ен за младите велешани кои заработуваат многу пари, пишувајќи лажни вести.

– Не ми е гајле што се лажни затоа што луѓето ги читаат. На 22 години заработував повеќе пари отколку што некој во Македонија може да заработи за целиот живот. Мојата главна цел е да подготвам страница каква што имав претходно, за следните претседателски избори во САД во 2020 година – вели Михаил, кој објавува политички приказни што често се засноваат на погрешни факти.

Михаил наводно заработувал 2.500 долари на ден од реклами на неговата веб-страница.

За разлика од претходната, новата македонска влада, пишува „Си-ен-ен“, е многу критична на новата индустрија што се развива во Велес.

– Ние ќе преземеме иницијатива за глобално координиран напор за справување со лажните вести – изјавил портпаролот на Владата, Миле Бошњаковски.

Но, тие што се занимаваат со лажни вести сè уште имаат барем еден официјален поддржувач – градоначалникот на Велес, Славчо Чадиев, заклучува „Си-ен-ен“.

– Ако зборуваме реално, секој град сака популарност. Најважно е дека ниеден закон не е прекршен. Во политиката нема морал, нема неморал. Во политиката сè е дозволено – вели Чадиев.

Најнови вести

Најново од Ракурс, Топ Вести

Најчитани вести