(ВИДЕО) Сте виделe ли желка како пие вода?! Eдна мала душичка беше спасена oд пожарот во Пехчево

Пожарот во Пехчево со кој неколку дена по ред се бореа институциите и граѓаните од околината е локализиран. Најкритично беше кај месноста Равно Борје, а во гаснењето целосно беа вклучени поголем број на луѓе, за што од Општината изразија огромна благодарност до сите нив.

Во пожарот изгоре борова шума, а точната површина на опожарените парцели од Општината и надлежните органи дополнително ќе се утврдува. 

Покрај шумата, во огнените стихии настрадаа голем број на животни, за кои знаеме и не знаеме, но оваа мала душичка беше спасена.

Со помош на добрите луѓе, желката која не можела да избега од пожарот, се напи вода и доби храна.

Видеото масовно се прошири на социјалните мрежи со повик до сите да бидат хумани.

Најчитани вести