Воениот објект именуван Д-О „АРЦ“ во најголема тајност бил граден 26 години, помеѓу 1953 и 1979 година за време на Студената војна, и е опремен со најнова технологија од тоа време.
Бункерот се простира на површина од 6.854 квадратни метри и се состои од три дела. Првиот дел е за техничка поддршка и контрола, во кој има и соба за надзор.
Потоа има метална врата со дебелина од 1,20 метри и тунел што води кон центарот на атомското засолниште, што може да издржи удар од 20 килолотни. Третиот дел се состои од противпожарен систем, климатизација, простор за комуникација, објекти за складирање на вода, храна и слично, како и посебен простор за живеење на Тито и Јованка.
Температурата во бункерот е помеѓу 21 и 23 Целзиусови степени, а влажноста од 60 до 70 проценти, што го прави просторот идеално место за живеење. Целиот простор е осветлен од 6000 неонски светилки.
Денес, овој бункер е престорен во музеј, а го посетуваат луѓе од целиот свет. Тој истовремено е и потсетник на времето во кое заканите за нуклеарна војна биле секојдневна појава.
]]>


