Полски турист се пожали за растојанието меѓу неговото сместување и плажата, а видеото објавено на мрежата Тикток предизвика лавинаод коментари. Туристот успеал во пет секунди да го сумира своето искуство со многубројните и стрмни скали што водат до плажата, а во описот на видеото напишл: „Три минути до плажата, се уште сте во Хрватска“, сугерирајќи дека враќањето назад ќе потрае многу подолго.
Неговата објава ја коментираа многумина со слични впечатоци: „Бев сместен на рид, ми требаше половина час да стигнам до плажата“, „Морав да поминам 300 скали до плажата “, „Најлошото е кога мораш да мосиш лежалки и торби“… се само дел од коментарите на другите полски туристи.
@sweetdream13_ #chorwacja #croatia #wakacje ♬ original sound – Sara de Sousa


