Видео направено од надзорни камери фатиле ужасен момент, како мајка тинејџерка го фрлила своето новороденче во контејнер. Детето било пронајдено живо неколку часа подоцна.
На видеото се гледа како жена доаѓа со автомобил ја отвора задната врата и фрла црна кеса за ѓубре во контејнер на 7 јануари во Хобс, Ново Мексико.
Шест часа подоцна, на снимката се гледа како три лица гледаат во контејнерот пред еден од нив да го најде бебето внатре. Новороденчето било живо и сега е во стабилна состојба и згрижено во болница.