Компанијата „Oceangate Expeditions“, сопственик на малата подморница „Титан“ која исчезна во Атлантскиот Океан за време на туристичка тура, минатата година објави видео од нејзината внатрешност.
Би-Би-Си потврди дека во исчезнатата подморница, покрај британскиот милијардер Хамиш Хардинг, како и пакистанскиот бизнисмен Шахзада Давуд и неговиот син Сулејман, се наоѓа и познатиот француски истражувач Пол-Анри Наргеола.
Тој е поранешен нуркач на француската морнарица, кој беше член на првата експедиција што го посети потонатиот брод Титаник во 1987 година, само две години откако беше пронајден на дното на Атлантикот.
Французинот дури го добил и прекарот „Господин Титаник“, бидејќи поминал повеќе време во истражување на потонатиот брод од кој било друг нуркач.
Внатрешноста на подморницата ја преставува Стоктон Раш, извршен директор и основач на „Oceangate Expeditions“ кој е меѓу петте патници.


