(ВИДЕО) Верижен судир на автопатот Нови Сад – Белград

Голем верижен судир на триесетина возила утрово се случи на автопатот Нови Сад – Белград. Како што пренесоа српските медиуми, во големата несреќа имало и еден мртов, а неколкумина се повредени.

Судирот бил на околу еден километар од наплатната рампа „Стара Пазова“ во правец кон Белград поради, како што пишуваат српските медиуми, магла и слаба видливост на тој дел од автопатот.

Се проценува дека во судирот учествувале повеќе од 50 возила.

https://www.youtube.com/watch?time_continue=20&v=9vnBVzCOAZU&feature=emb_title
]]>

Најчитани вести