Марта Хаџиманов, ќерка на познатиот српски џез- музичар Васил Хаџиманов и внука на легендарниот Зафир Хаџиманов, има 15 години и оди во средно музичко училиште. Овие денови во нејзината „семејна кујна“ се „крчка“ нешто одлично.
Марта одлично пее, оди во средно музичко училиште, а во подготвка се песни кои сама ги напишала, пренесува српскиот портал „24 сата“.
– Снимивме две песни во студиотот на Иван Фече Фирчи, а имам уште многу свои песни и постојано излегуваат нови. Не брзаме да ги објавуваме песните, засега ми е забавно само да ги смислувам, како што ми е забавен тој цел процес. Многу ми помагаат мојата мајка и татко, како и нашиот семеен пријател Свебор Шакиќ. Јас дефинитвно обожувам да пеам и пеам по цел ден, но сакам и да компонирам, а ме интересираат уште многу работи во музиката – вели оваа 15-годишна девојка.
Нејзата мајка Наташа и нејзиниот татко Васил немаат работно време па затоа се трудат да живеат спонтано.
– Имаме мајка-ќерка ден, и татко-ќерка ден, посебни денови кои Марта ги организира како што таа што сака – раскажува Наташа Хаџиманов.
Марта од мали нозе е опкружена со музика, бидејќи целото нејзино семејство се занимава со музика. Нејзиниот дедо Зафир Хаџиманов кој има македонски корени а долги години живее и работи во Белград, нејзините баби Сенка и Бисера Велентаниќ и многу други. Сепак Марта си избрала некој свој музички вкус, и доколку од оваа тинејџерка очекувате нешто во стилот на Ријана или Адел, сте се излажале, нејзиниот избор е поостар звук, а песните ќе и бидат на англиски јазик.


