Приказната на Лука Модриќ започнува пред точно 36 години во куќа која денес е урнатина, а има потенцијал да стане новата хрватска туристичка атракција и дел од спортското и културно наследство на Хрватска.

Во подножјето на Велебит, во близина на кањонот Зрмања, во селска куќа во селото Модрич (далматинско село сместено на Велебит) кај Затон Обровачки, на 9 септември 1985 година, се родило момче кое ќе прерасне во еден од најдобрите, најуспешните и најбогатите хрватски спортисти од сите времиња, пишува Индекс.
Лука растел во таа куќа се до почетокот на војната, а како петгодишно момче бил фатен од камерата како чува кози. Овие кадри се дел од документарен филм за волците на Велебит.
-Семејството Модриќ биле пристојни и добри луѓе. Ги посетував секогаш кога одев да снимам диви животни, природа и планинскиот живот. Така го снимив пријателот и неговиот син како ги пасат козите како дел од некои планирани сцени за филмот. Многу брзо по 1990 година, војната го уништи нивниот дом. Тие избегаа, одеднаш се се промени и никогаш повеќе не ги видов. Заминаа како многу луѓе од таа област. Пред некое време време добив информации за тоа кое е малото момче што му помага на својот татко во мојата епизода. Тоа момче станало познат хрватски фудбалер – Лука Модриќ. Читав како го остварил сонот од детството. Тој не ги видел овие снимки (снимени 1989-1990) бидејќи сега се објавени за прв пат. Лука Модриќ го поминал своето најрано детство во дивинита со волците и сите помлади генерации после него мора да се гордеат со тој факт – објасни авторот на снимките, Павле Баленовиќ.

Куќата била изгорена во првата година од војната, седум дена пред Божиќ 1991., а четниците го убиле дедото на Лука и уште шестмина постари луѓе во дивјачка рација. Популарноста на Лука, особено по Светското првенство во Русија, ја претвори оваа куќа во културно -спортска атракција бидејќи многу светски медиуми и фанови ја барале во Велебит, за да ја украсат со хрватски знамиња и шалови.
]]>


