(ВИДЕО ВО ЖИВО) Хаос пред Собранието на Србија во Белград

Демонстранти се судрија вечерва со полицијата во обид да влезат во Собранието на Србија. Според белградски медиуми, пред Собранието е хаос – демонстрантите фрлаат со шишиња и камења, а полицијата според Н1 најверојатно употреби солзавец за да ја растера топлата.

Демонстрантите извикуваат навреди кон претседателот на државата Александар Вучиќ.

Поранешниот пратеник на Двери, Срѓан Ного, за телевизијата Н1 изјави дека не знае чии приврзаници се собрани и дека „овде треба да се реши еден пациент кој ја уништува целата нација“.

Ного се појави на платото пред Собранието на почетокот на протестот по 20 часот.

Радомир Лазовиќ од иницијативата „Да не го давиме Белград“, изјави дека причина за овој спонтан протест е акумулираното незадоволство од властите во Србија, но нагласи дека неговата организација не повикала на масовни немири поради опасност од коронавирусот.

]]>

Најнови вести

Најново од Балкан, Ударни вести

Најчитани вести