Тој рече дека знае дека СДСМ не ги исполни сите очекувања и дека направија и грешки, но секоја наша грешка, што јасно и демократски беше посечена, ја послушаа и реагираа.
„Покажавме дека знаеме и можеме да се подобруваме. И тоа ми дава право да кажам дека не сме сите исти и никогаш нема да бидеме.
И тоа ме тера денес да се обврзам пред вас дека судскиот систем ќе биде првата работа која ќе биде реформирана во наредниот мандат. И зад ова стојам со сиот свој интегритет пред вас“, вели Заев.
„Ја барам вашата поддршка. Го барам вашиот глас за уште еден мандат. За да ги продолжам добрите политики. За да продолжиме напред уште побрзо и да не ја испуштиме шансата што заедно ја создадовме за оваа наша убава земја и за нашиот народ.
Изборот е очигледен. Но немојте да мислите дека работата е однапред завршена.
Ќе продолжиме напред само ако вие така одлучите и само ако излезете и гласате на 15 јули, на вашето гласачко место кое ќе биде целосно безбедно. Не молчете кога е ваш ред да зборувате.
Излезете. Гласајте“, порача Заев.


