Интересна сцена доаѓа од Тешањ, Босна и Херцеговина, каде судијата на еден натпревар западнал во “големи проблеми” откако неговиот семафор за измени останал без батерија.
Имено, четвртиот судија имал намера да ги прикаже броевите на играчите кои требало да извршат замена, но откако семафорот останал без батерија, ги воодушевил присутните со големата снаодливост.
Од некаде се создаде продолжен кабел со кој судијата стигна до линијата на игралиштето, а потоа направи сè според правилата.


