Драган Спасов – Дац и Александар Митевски ја промовираа својата нова песна насловена „Вакцина“. Согласно актуелната тематика со вакцините против коронавирусот, Митевски и Спасов ја преработија „Марина“ од Роко Граната.
Песната стана инстант хит меѓу здравствените работници, а за тоа дека е така, сведочи и ова видео направено во салата „Борис Трајковски“ во Скопје каде моментално се спроведува имунизацијата на населението.
„Рано насабајле пред почеток на работно време, химна за старт на денот на нашите доктори и медицински сестри. Љубов, оптимизам и позитивна енергија, заедно со почитување на мерките – за побрз излез од пандемијата“, стои во описот на видеото што го споделија на својата страница Дац и Александар.
Видеото погледнете го на следниот линк:www.facebook.com/watch/?ref=external&v=296547352040291
]]>


