Наставничка во училиште во Калифорнија останала шокирана кога во својата училница пронашла мечка како грицка енергетски штанглички кои се дел од приборот на учениците во случај на земјотрес.
Локалната ТВ станица KGET изјави дека наставничката Елејн Салмон за момент ја напуштила училницата за во училишната канцеларија да ги испечати задачите а кога се вратила ја дочекало големо изненадување.
„Кога се вратив во училницата и ја отворив вратата, мечката истрча кон неа бидејќи претпоставувам дека успеа да влезе, но не можеше да излезе“, раскажува таа, а пренесува Гардијан.
Мечката била изнесена безбедно надвор од нејзиниот сопруг Јан Сареј, кој се занимава токму со случаи на појавување на мечки во руралните средини.
Тој раскажува дека жителите во тој крај се почесто се среќаваат со овој проблем, па дури се воведени и патроли поради појавата на мечки објави српски Телеграф.


