(ВИДЕО)Преубавата Кендис се струполи на писта па ги покажа крвавите колена

Преубавиот ангел на Викторија Сикрет, 26-годишната Кендис Свонпул во петокот на ревијата на Живанши прошета на високи штикли во фустан со реси кога во еден момент се сопна и падна. Сепак веднаш потоа, како вистински професионалец, стана и продолжи да оди до крајот на пистата.

kendis

 

Меѓутоа падот не помина без последици, а Кендис потоа на своите фанови преку Инстаграм им сподели фотографија на која се видливи повредите на колениците. Таа во оваа прилика им се заблагодари на сите кои притрчаа да и помогнат.


-Им благодарам на сите кои на вечерашната ревија ми помогнаа да станам по падот. Како последица имам неколку гребаница и скршено его. Но тоа е тоа, напиша славната манекенка покрај фотографијата од раскрвавените колена

kendis2

 

Најнови вести

Најново од Магазин, Топ Вести

Најчитани вести