Овој мост познат како еден од највозбудливите мостови во светот и наведен во Гинисовата книга на рекорди се наоѓа во југозападната провинција Хубеи, Кина. Овој мост e познат и како Долг мост на соништата, со должина од 500 метри и широчина 4,5 метри, изграден е врз река со длабочина од 60 метри, а интересно е тоа што брзината на возење низ него е ограничена за да не дојде до создавање големи бранови.
Мостот по кој што одеднаш можат да поминат 10.000 луѓе, за јавноста беше отворен на 1 мај 2016 година. Направен е од дрво и е поставен на пловна основа, кога се движите по него се витка и ви создава чувство како да одите по водата. Мостот го следи течението на реката, околу планината, низ клисура до која претходно се пристапувало само со брод.


