Секој сопственик или љубител на куче знае каква благотворна моќ носи во животот, а познато е дека се користат и за терапевтски цели. Многу авиокомпании и болници вклучија кучиња како професионални терапевтски животни, кои придонесуваат за подобра состојба на луѓето и пациентите, пишува српски Мондо.
Овој факт го искористи и американскиот гимнастичарски тим, па во Париз го донесоа и терапевтскиот златен ретривер, Бикон, кој, како што се наведува, им помага да се смират и да се релаксираат пред натпреварот.
Меѓутоа, Бикон со својот „настап“ на подиумот ја забавуваше бројната публика, правејќи го она што спаѓа во омилената категорија на многу кучиња – бркање тениско топче! Тој всушност е само едно од стотиците кучиња донесени на Олимпијадата со иста намера, наведува UsToday.


