Според најавите, стадионот „Тронг Донг“, кој е закажан да се отвори во 2028 година, ќе има неверојатни 135.000 седишта, што го прави најголемиот стадион на планетата и го надминува претходниот рекордер од Пјонгјанг.
Инспириран од античкиот бронзен тапан на Донг Сон, симбол на виетнамската култура, овој монументален објект нема да биде само спортска арена, туку и центар на големи концерти, фестивали и национални настани.
Работата започна во декември 2025 година, а амбицијата е јасна – да се создаде нова архитектонска икона на Азија и гордост на целата земја.
Стадионот е дизајниран во согласност со најстрогите стандарди на ФИФА, Азиската фудбалска конфедерација (AFC), Азискиот олимписки совет и други меѓународни спортски организации. Со ова, Виетнам ги отвора вратите за идни кандидатури за домаќинство на Азиските игри (ASIAD), Олимписките игри, Светското првенство во фудбал, како и на големи континентални финалиња и глобални настани.
Една од клучните карактеристики на виетнамскиот мегапроект ќе биде подвижниот покрив, кој ќе овозможи спортски натпревари на отворено, како и концерти, фестивали, уметнички настапи, социјални настани и други големи манифестации во текот на целата година.


