Членовите на данскиот парламент го одобрија нацртот за изградба на големиот вештачки остров Линетехолм, каде треба да живеат 35.000 луѓе. Неговата намена е исто така да го заштити пристаништето на Копенхаген од покачувањето на нивото на морето, пишува Би-Би-Си.
Копното и островот ќе бидат поврзани со тунел и метро, а одобрувањето од данскиот парламент значи дека годинава ќе се започне со изградбата на островот, со вкупна површина од 2,6 квадратни километри.
Активистите за заштита на животната средина се противат на изградбата на Линетехолм затоа што стравуваат дека проектот може да има негативно влијание врз природата.
Според нацртите, Линетехолм би бил опкружен со брана што ќе го заштити и пристаништето во Копенхаген од зголемувањето на нивото на морето, но и од невреме. Доколку се следи предложениот план за имплементација на проектот, темелите на островот треба да бидат поставени до 2035 година, а тој ќе биде готов до 2070 година.
]]>
35.000 луѓе, вештачки остров, гради, Данска, живеат, каде, треба