АД ЕСМ вчера произведе 18.122 мегават часа електрична енергија, која е намената за домаќинствата и малите потрошувачи, како и потребите за дополнителни снабдувања за училишта, прехранбена индустрија и други витални државни субјекти, информираат од Владата.
Во термоелектраните, како што прецизираат, се произведени 12.222, а во хидроелектраните и во Ветерниот парк Богданци 5.900 мегават часови електрична енергија.
МИА


