Во Скопје вчера 178 сообраќајни прекршоци – 94 за брзо возење, 21 за немање дозвола

Министерството за внатрешни работи соопшти дека вчера, во рамки на засилените акциски контроли, на територијата на Скопје се регистрирани вкупно 178 прекршоци.

За возење повеќе од дозволената брзина изречени се 94 санкции, 21 за возење без возачка дозвола, 12 за возење под дејство на алкохол, седум за технички неисправни и нерегистрирани возила.

Изречени се шест мерки за користење мобилен телефон, две за минување на црвено светло, четири за возач почетник, 17 за непрописно паркирање.

МВР информира дека засилените акциски сообраќајни контроли ќе продолжат и апелира  до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да се зголеми безбедноста во сообраќајот.

МИА

]]>

Најнови вести

Најново од Хроника

Најчитани вести