Во Србија бројот на мигранти е намален за 80 отсто, седум центри се привремено затворени

Седум центри за бегалци во Србија, привремено ќе бидат затворени од утре бидејќи во нив во моментов нема мигранти.

Тоа денеска за српски медиуми го изјави српската комесарка за бегалци и миграција Наташа Станисављевиќ. Центрите ќе бидат привремено затворени до 30 септември.

Таа додаде дека бројот на мигранти е намален за цели 80 отсто.
 
-Донесена е одлука за привремено затворање на седум центри која стапува во сила од 1 август и ќе биде на сила до 30 септември. Во тој период повторно ќе направиме анализа за да се приспособи работата на центрите во зимскиот период, рече таа. 

МИА

Најнови вести

Најново од Балкан

Најчитани вести